Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Од ВМРО-НП ја реактивираат иницијативата за изградба на Музеј на Езерото

Охрид, 20. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-НП од Охрид и годинава ја реактивираат иницијативата за изградба на Музеј на Езерото.

– Согласно определбата и заложбите на ВМРО Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО Народна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на Езерото. Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро. Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и исто така ќе претставува нова туристичка понуда. Овај проект е самоодржлив и ќе биде прв од ваков вид во регионот, стои во дописот до медиумите.

Минатата година, од партијата побараа локацијата да ја обезбеди Локалната самоуправа, а годинава од партијата како можна локација ги предлагаат дел од катастарските парцели 5642/4 и 5646/2 (Студенчишта). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука