Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва хуманитарен YouTube Show на Долни Сарај за помош на Тачо

Охрид, 24. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со организирање на индивидуални и заеднички акции за собирање средства за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески- Тачо.

Група млади ентузијасти најавуваат еден несекојдневневен настан, односно YouTube Show, на кој на едно место ќе се соберат Јутуберите од Охрид, Битола, Прилеп и Велес. Станува збор за хуманитарен настан кој ќе се одржи вечерва на Долни Сарај, од 19:00 до 21:00 часот.

– На самиот влез ќе биде поставена кутија од Црвен Крст. Влезот ќе чини 150 денари (со гратис пијалок), а според капацитетот, ќе има место за 300 посетители, со почитување на сите мерки за заштита од COVID-19 – дезинфекција, мерење телесна температура… Носењето заштитна маска е задолжително, а сите средства ќе бидат веднаш уплатени за помош на Тачо, порачуваат организаторите.

Тие упатуваат апел до сите заедно да му помогнеме на Тачо да се избори со тешката болест и да се спаси еден млад живот.

Апел за помош на Тачо: Охрид е хуман, да помогнеме сите заедно

Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20.000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-Mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 – Ристо Целески Стопанска банка АД. Може да се донира и преку Gofundme на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука