ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

300 планинари се искачија на Магаро под мотото „Охрид-планина-езеро“

Охрид, 24. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“, повеќе од 300 планинари вчера беа дел од планинарската тура до врвот „Магаро“ на 2.255 м.н.в.

Овој настан со многу авантура, забава и уживање беше заокружување на бројните активностите кои се одвиваа изминативе месеци, а се одржа под мотото „Охрид-планина-езеро“.

– 15 години имав желба да ја видам Галичица вака посетена како денес. Преку 300 планинари од цела држава денес уживаа во убавините кои можеа да ги доловат од врвот „Магаро“. Голема благодарност до сите учесници и се гледаме повторно во уште поголем број, вели Мишко Танески, претседател на „Mountain Madness“.

Image may contain: 6 people, people standing, cloud, sky, outdoor and nature

Жанко Голабоски, член на клубот, вели дека изминатиов период биле реализирани над 10 еко акции со други еколошки друштва и љубители на природата, како и неколку велосипедски тури и планинарски акции.

– Скоро сите учесници се јавија и се заблагодарија, ни се наполна срцето. Ова мора да стане традиција. Благодарност до учесниците за културата и дисциплината. Целта и овојпат ни беше да се мотивираат луѓето на активен и здрав живот, но и промоција на Охрид како туристичка дестинација во која во еден ден може да си и на врвот од планината и на плажа, вели Голабоски.

Image may contain: 1 person, cloud, sky, outdoor and nature

Image may contain: one or more people, mountain, grass, outdoor and nature

Од клубот најавија дека во текот на месец септември ќе реализираат неколку еколошки акции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Мишко Танески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука