ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна забава за помош на Тачо во Охрид

Охрид, 30. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 3-ти септември 2020 година, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи хуманитарна забава за помош на охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.

-Хуманитарната забава е за помош на нашиот другар, сограѓанин, роднина Трајан Целески- Тачо на кој му е потребна финансиска помош за повторно да ја победи болеста. За забавата, која ќе се одржи на игралиштето „Стобекс“, ќе се погрижат Бенд Броз и DJ Јован. Влезниците се продаваат по цена од 100 денари, а пијалокот ќе биде по промотивни цени. Сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката за донации. Да бидеме хумани како секогаш и повторно да му помогнеме на Тачо, порачуваат организаторите кои информираат дека на настанот ќе бидат запазени сите мерки и препораки за заштита од COVID-19.

Информации и резервации на билети на телефонот 071/537-663.

Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20.000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-Mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 – Ристо Целески Стопанска банка АД. Може да се донира и преку Gofundme на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука