Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Охрид фест“ годинава ќе има само фолк вечер

Охрид, 31. август 2020 (ОХРИДПРЕС) – На нецели две недели пред стартот на годинешното издание на „Охрид- фест“, уметничкиот директор Цане Петров вели дека се работи со полна пареа, и во моментов се работи на завршување на фестивалските подготовки.

Годинава, поради пандемијата со COVID-19, „Охрид фест“ ќе има само фолк вечер, што е, велат од дирекцијата на фестивалот, адут за 27-мото издание, јави Вечер.

Петров вели дека кога е музиката во прашање како и досега вечерта ќе биде исполнета со различни стилови, но многу ефектно подредени. На сцената публиката ќе ги види „Скопски Боеми“, групата „Соната“ од Велес, „Позитив бенд“, потоа Благица Павловска, Анета Арсовска, Јуле Николовска, Благоја Грујовски, Петар Нечовски, Нино Величковски…

-Годинава внесуваме новитет во гласањето: досега покрај стручното жири имавме и жири во кое беа вклучени познати личности од различни струки, тие всушност беа претставници на публиката и на секој фестивал, на крајот ги даваа своите гласови по евровизискиот принцип. За разлика од тоа, оваа година „online“ ќе гласаат претставниците на нашите Македонски радио станици од целиот свет. Сакаме да дојдеме до што повеќе слушатели, кои ќе ги гласаат своите фаворити, открива Петров. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука