ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денес ЕКО акција #НеБидиЃубре за чистење на Полигонот во Охрид

Охрид, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Познатата глумица и ЕКО активист Ирена Ристиќ, продолжува со акциите #НеБидиЃубре за чистење на нашата околина и подигнување на јавната свест за важноста за чистата животна околина.

-Дечки, акција #НеБидиЃубре во Охрид, на Полигонот кај ОУ „Глигор Прличев“ (до Маларична) во 18:00 часот. Од јунаци Ирина, Сергеј и Наташа, сите Ристиќ 😊 се надевам ќе реши уште некој да ни се придружи! Вреќи и ракавици имам, И МАИЦА ИМАМ 😁, само маски секој сам! Се гледаме утре – напиша Ирена на нејзиниот профил на Facebook.

Охриѓани многу пати претходно покажале дека ја почитуваат чистата животна средина. Значи, денеска, по 18:00 часот, понесете желба, позитивна енергија, секако вреќи, ракавици и заштитни маски и сите на Градскиот Полигон во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука