Избор Охрид

Метео: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Охрид, 3. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 6.

Максималната температура ќе се искачи до 29. степени, во Охрид до 23. степени.

– Од понеделник до четврток ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе го надмине 30-тиот степен Целзиусов, а УВ индексот ќе биде 7. Во четврток попладне се очекува појава на нестабиност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави