ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Планина“ од ѓубре на пристапниот пат до авто-кампот „Љубаништа“ (Фото)

Охрид, 3. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија фотографии до редакцијата од ѓубрето кое е одложено веднаш до пристапниот пат до авто-кампот „Љубаништа“.

Истите реагираат на неодговорноста на поединци кои исфрлиле се’ што не им било потребно на пристапниот пат до една од најубавите локации на охридското крајбрежје.

Image may contain: one or more people, people sitting, tree, outdoor and nature

Убавото време и одложувањето на стартот на учебната година за еден месец направија оваа година да имаме една од најдолгите сезони во Охрид.

Апел до одговорните во најкус рок да се исчисти ѓубрето, за да не се нарушува убавината на овој предел, кој е во непосредна близина на манастирскиот комплес „Св. Наум“ и заедно се едни од најпосетуваните локации од страна на туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука