Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ансамбл „Билјана“

Охрид, 6. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во предворјето на катералната црква „Света Софија“ ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ансамбл „Билјана“.

Гости на настанот ќе бидат Ристо Самарџиев, Мартина Костова и хорот од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид.

Поради протоколите за заштита од COVID-19 вирусот, влезот ќе биде отворен од 19:00 часот, а организаторите апелираат на навремено доаѓање, како и почитување на мерките за заштита. Сите посетители ќе мора задолжително да носат заштитна маска (влезот нема да биде дозволен без заштитна маска), ќе се врши и задолжителна дезинфекција при влез и излез и мерење температура на влез.

Билетите за овој настан се продаваат во ограничен број по цена од 200 денари и истите можат да се резервираат на телефонскиот број 076/212-680. Ќе можат се подигнат на самиот влез, еден час пред почетокот на концертот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука