Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

На денешен ден во 1962 година во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата

Струга, 6. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во далечната 1962 година во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.

Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна.

Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.

Фестивалот се одржа и годинава, но во редуцирана форма и траеше пократко, од 28-ми до 30-ти август со посебно подготвен протокол за организирање, одобрен од Комисијата за заразни болести.

Годинашен лауреат беше израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60-то издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен „Златниот венец“, заедно со лауреатот за 2021 година. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука