септември 6, 2020

Скопје, 6. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 997 тестирања, при што се регистрирани 92 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 17
-Куманово 6
-Штип 6
-Прилеп 2
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 2
-Битола 3
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 5
-Гевгелија 3
-Струмица 2
-Крива Паланка 1
-Кочани 3
-Македонски Брод 2
-Пехчево 3
-Берово 1
-Делчево 13
-Свети Николе 4
-Кичево 5
-Неготино 1

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41 години) и пациент од Дебар (63 години) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35 години) почината вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од:

-Скопје 24
-Куманово 31
-Штип 8
-Тетово 3
-Гостивар 8
-Пробиштип 1
-Берово 6
-Виница 2
-Делчево 3

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука