Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Нападнат вработен во обезбедување на банка во Охрид

Охрид, 8. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми септември 2020 година, во 15:03 часот во СВР Охрид, 41-годишниот Д.М. од Прилеп, со живеалиште во Охрид, вработен како обезбедување во агенција за обезбедување, пријавил дека, додека бил на работното место како обезбедување во банка во Охрид, бил физички нападнат.

-Истиот бил нападнат од страна на 56-годишниот В.Д. од селото Беличица, општина Маврово Ростуше, со живеалиште во Гостивар. Полициски службеници излегле на местото и на В.Д. му бил издаден записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука