Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец физички нападнал две лица пред казино на улицата „Абаз Емин“

Охрид, 10. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот А.Ц. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.

-На 8-ми август 2020 година, во 02:30 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, тој упатил закани кон 20-годишниот К.М. и неговиот пет години постар брат Н.М., двајцата од Охрид. Потоа, пред казиното физички ги нападнал по што настанала меѓусебна пресметка, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука