COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Последните три дена 26 новозаболени лица од COVID-19 во Охрид

Охрид, 11. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија покажуваат дека во текот на изминатите три дена во Охрид се регистрирани 26 новозаболени лица од COVID-19.

Во истиот период починаа три лица, а имаме и 8 охриѓани кои ја победија болеста. Овие бројки доаѓаат по подолг период во кој имавме сосема мал број новозаболени лица во Охрид.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414, бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука