ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот ЕКО ФАП повторно во акција, исчистена дивата плажа кај Љубаништа (Фото)

Охрид, 10. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Веќе познатиот охридски ЕКО ФАП денес беше повторно на висина на задачата и ја донесе во природна состојба дивата плажа кај Љубаништа.

– Дива плажа Љубаништа, од Черава до плажа „Тасе“, пред и потоа, а меѓу сето тоа и процесот на чистење на дел од срамот наречен диво кампување. ЕКО ФАП заедно со персоналот на ресторан „Острово“ и останати доброволци се откажаа од долго пиење на еспресо во некое охридско кафуле (најчест охридски ритуал) и уживаа во придонесот за почист езерски брег на најубавиот дел на крајбрежјето. Собрани се 10м3 пластика и останат отпад кои утре ќе бидат соодветно депонирани. Ресторан „Острово“, Ви благодарам од името на ЕКО ФАП!!! Јунаци! –  ја објави информацијата за најновата ЕКО акција охриѓанецот Горан Устијаноски.

пред:

Image may contain: plant, tree, sky, ocean, outdoor, nature and water

Image may contain: plant, tree, flower, outdoor and nature

Image may contain: plant, tree, flower, outdoor and nature

Image may contain: one or more people, people standing, tree, outdoor and nature

Image may contain: one or more people, plant, outdoor, nature and water

Image may contain: one or more people, plant, tree, outdoor and nature

Image may contain: 1 person, standing, tree, plant, outdoor and nature

Image may contain: one or more people, plant, shoes, tree, flower, outdoor and nature

потоа:

Image may contain: ocean, plant, sky, tree, outdoor, nature and water

Image may contain: tree, sky, plant, outdoor, nature and water

Image may contain: 1 person, plant, tree, sky, outdoor, nature and water

Image may contain: tree, sky, plant, outdoor and nature

Image may contain: 2 people, people standing, tree, sky, shorts, outdoor and nature

Ова е само продолжување на ЕКО акциите на охридската ЕКО ФАП дружина. Акции кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)

извор: Горан Устијаноски фото: Горан Устијаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука