Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските аеро моделари во недела ќе се натпреваруваат на Државното првенство во спортско моделарство

Охрид/Битола, 11. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите охридски аеро моделари во недела ќе земат учество на Државното првенство во спортско моделарство, кое ќе се одржи на спортскиот аеродром во селото Логоварди во близина на Битола.

Организатор е аеро клубот „Мирко Тодоровски“ од Битола под покровителство на Воздухопловната федерација на Република Македонија.

Првенството со радиоуправувани модели – едрилици со електромотор, категорија F5J е во склоп на годишниот календар натпревари во спортско моделарство, а покрај од Охрид, ќе земат учество и моделари од Скопје, Битола, Прилеп и Кавадарци.

Аеро моделарството во Охрид има долга традиција и сериозни успеси зад себе на домашен, но и меѓународен план. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука