ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро порибено со пастрмка од албанска страна

Поградец, 12. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро од албанска страна годинава е порибено со 1,62 милиони парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Информацијата ја објавија од општина Поградец од каде јавуваат дека бројката се зголемува од година во година, во насока на подобрување на локалната економија, која во голема мерка се базира на туризмот и продажбата на риба во регионот на Поградец.

Image may contain: one or more people

Оваа година езерото е порибено со 1.620.000 парчиња риба, од кои 610.000 беа пуштени во езерото во оваа фаза, додека остатокот ќе биде пуштен во езерото на почетокот на месец октомври.

Image may contain: one or more people, ocean, mountain, sky, outdoor, water and nature

Минатата година езерото од албанска страна беше порибено со со 1,5 милиони парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука