Охрид, 14. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец септември во Охрид се регистрирани дури 53 новозаболени лица од коронавирус.
Во периодот од 1-ви до 13-ти септември евидентирани се 24 пациенти кои ја победија болеста, а има и 5 починати лица.
Заклучно со вчерашниот извештај од Министерството за здравство, во Охрид моментално има 60 пациенти активни на коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата во Охрид се евидентирани 392 случаи на COVID-19, излечени се 316 пациенти, а 16 ја изгубија битката со вирусот.
Во соседна Струга досега се регистрирани 625 случаи на коронавирус, а активни се 62 случаи.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33