Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Велешта кои изнудиле 175.000 денари во кредити во струшко казино

Струга, 14. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот Ѓ.Л. и три години постариот К.В., двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

-Пријавените, на 3-ти август 2020 година во казино на улицата „Нико Нестор“ во Струга со закани кон вработените во казиното изнудиле вклучување на кредити без да платат, а потоа и враќање на загубените пари. Со тоа, причиниле материјална штета од 175.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука