Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува редовното пријавување на невработените во Агенцијата за вработување

Охрид, 15. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска продолжува редовното пријавување на секои 30 дена, за активните баратели на работа, односно на секои 6 месеци, за другите лица кои бараат работа во Агенцијата за вработување.

Редовното пријавување на невработените беше прекинато во средината на март, поради ситуацијата со коронавирусот. Невработените кои имаат оставено контакт телефонски број веќе се известени по смс порака за точниот датум кога треба да се пријават. Оние кои немаат оставено контакт, ќе треба сами да се пријават во наредните 30 дена.

Од Центарот за вработотување апелираат до невработените да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.

При пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот COVID-19, односно лицата задолжително мора да носат заштитни маски и да одржуваат соодветна дистанца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука