ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро на само 3 сантиметри над природната кота, водостојот за 13 сантиметри под месечниот просек

Охрид, 15. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро на средината на септември е за цели 13 сантиметри пониско од месечниот просек (693,33).

Според денешните мерења на Управата за хирдометеоролошки работи водостојот е на кота од 693,20 м.н.в. 

Охридското Езеро на првиот ден од септември беше на ниво за еден сантиметар повисоко од просекот, за после една недела водостојот да опадне за цели 7 сантиметри. Трендот на пад на езерскиот водостој продолжи и понатаму, за на половина од месецот да имаме кота од 693,20 м.н.в.

Оваа бројка го вклучува алармот за размислување кога ќе се пресмета дека водата во езерото е за само 3 сантиметри над природната кота од 693.17 м.н.в. Колку за споредба, минатата година овој период, нивото било на кота од 693,29 м.н.в, односно на 4 сантиметри под просекот.

И додека пред две години се соочувавме со ниво кое драстично и ја надмина горната граница (693,75 м.н.в), па имаше излевање на езерото и штети по крајбрежјето, годинава состојбата е крајно неповолна.

Нема достапен опис

Испустот преку реката Црн Дрим е сведен на минимум, а кон падот на водостојот се додава и сушниот период без врнежи од дожд, за што добрите познавачи велат дека значително се одразува на хидролошката состојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука