Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од гостиварско Врапчиште кое се однесувало агресивно во Охрид

Охрид, 15. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти септември 2020 година, околу 17:30 часот, во деловен простор сопственост на превозна компанија лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид, 38-годишниот С.Р. од гостиварското село Врапчиште, го нарушил јавниот ред и мир.

-Тој се карал и агресивно се однесувал кон вработена во компанијата. Против нарушителот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука