Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Ќе се стави фокус на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Скопје, 15. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Повторно актуелизирање и промени на предложениот закон за легализација на дивоградби што е во собраниска процедура низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни, најавува новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

-Законот е веќе во собраниска процедура, односно тоа е истиот закон што е поднесен. Во моментот кога Собранието ќе го актуелизира Министерството ќе биде подготвено да разговара со сите пратенички групи и сите заинтересирани страни секако на крајот на денот во оваа парламентарна демократија да се донесе закон којшто ќе го регулира делот на бесправо изградените објекти. Се она што е изградено во заштитени зони на Охридското крајбрежје и станбените згради со намена А2 нема да биде предмет на легализација со овој закон. Ова е една заштита за да се запрат таквиот тип на злоупотреби. Законот е далеку порестрикивен од претходниот и има момент на казнивост од повеќе аспекти, вели Бочварски.

Аспектот на дивоградбите, укажува, не треба да се гледа единствено од оваа страна според законот за третман на бесправно изградени објкети, туку и со инспекцискиот надзор.

Според Бочварски, новиот Закон за урбанистичко планирање што почнува со примена се регулираат состојбите за да не се дозволи, како што вели, главното урбанистичко биро да биде на Илинденска, во министерствата или општините, туку онаму каде што треба – кај архитектите и планерите, да помине и низ каналите на локалната самоуправа и јавноста.

Апелира секогаш да се внимава на законитоста бидејќи, укажува, многу често заглавените предмети имаат и одредени пропусти и проблеми што апсолутно не смееме да дозволиме да се случат.

-Објектите од втора категорија што во најголем дел се градат во државата се во ингеренции на општините, а за тие од прва категорија Министерството за транспорт и врски и овој аспект секако е многу важен за мене за надградба на Министерството со капацитет и кадар бидејќи и тука недостасува квалитетен кадар за кој веќе разговарав и со службите и разговарам со луѓе кои се подготвени тука да дадат своја поддршка. Се работи за инженери и архитекти кои се подготвени да бидат од помош и да дадат свој придонес во Министерството, вели Бочварски.

Во интервјуто што МИА утре ќе го објави во целот Бочварски зборува и за реализацијата на капиталните проекти, ветува фокус на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде иако има работи на терен не е според посакуваната и планираната динамика со оглед на тоа што по препроектирањата треба да се одобрат инфаструктурни проекти и експропријацијата на земјиштето. Зборува и за плановите за откочување на изградбата на железничката делница Куманово-Бељаковце, а најавува и преселба во новиот објект на Министерството за транспорт откако ќе заврши техничкиот прием за што веќе е формиран тим од овој ресор. (Крај)

извор: МИА фото: А1он.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука