Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.

-Утре попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните подрачја. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука