Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Радовиш

Охрид, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот ракометен клуб в петок ги продолжува натпреварите во Супер лигата.

Во третата рунда „гладијаторите“ го пречекуваат составот на Радовиш и ова ќе биде првиот натпревар што ќе го одиграат на домашен терен во новата сезона.

Средбата во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се игра без публика. Натпреварот е со почеток во 19:00 часот, а во живо ќе биде пренесуван на официјалниот јутјуб канал на РФМ и Фејсбук страната на ГРК Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука