Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Правилникот за урбанистичко планирање презентиран пред стручната јавност

Скопје/Охрид, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Новиот Правилник за урбанистичко планирање, кој ќе биде ставен во функција идната недела, беше презентиран пред Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од Асоцијацијата на архитекти.

Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување на просторните ресурси, се создава унапредување на условите за хумано живеење, се сочувува квалитетот и се унапредува животната средина како и недвижното културно наследство.

Нема достапен опис

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски на работната средба потенцира дека со Правилникот се обезбедува создавање и на ефикасни инфраструктурни мрежи.

– Реформата во урбанизацијта на просторот е клучна за развојот на општините и генерално за државата и токму со ставање во функција на овој Правилник за урбанистичко плнирање ќе овозможиме ефикасно и рационално уредување на просторот со запазување на сите стандарди.  Верувам дека општините со нетрпение го очекуваат Правилникот за да може да започнат со урбанизација на нивните општини според новиот Закон за урбанистичко планирање кој е креиран да обезбеди голема транспарентност и учество на сите засегнати страни во процесот од планирање па се до носење на плановите, рече Бочварски.

Со правилникот се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови, пракса која првпат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Законот за урбанистичко планирање е прв од реформските закони што се започнати во делот на земјишната политика, а со кои се има за цел да се унапреди планирањето на просторот и да се поттикне градежништвото. Со истиот се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови,  пракса која за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Во интервју за МИА, министерот Бочварски најави повторно актуализирање и промени на предложениот закон за легализација на дивоградби што е во собраниска процедура низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни. Дециден е дека покрај третманот на бесправно изградените објекти, фокус треба да се стави на засилување на инспекциски служби, кои по ова што гледаме на терен години наназад не си ја вршеле работата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука