ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Стружанецот Мојсоски нов директор на Агенција за млади и спорт

Скопје, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, стружанецот Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт.

Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.

Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари. (Крај)

извор: Тв сител фото: voiceskopje.org

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука