Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Двајца осуденици во охридскиот затвор се обиделе да силуваат 19-годишен затвореник од Струмица

Охрид, 16. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти септември 2020 година, во 10:45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа – Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 9-ти септември 2020 година, околу 03:00 часот, во собата на 19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него.

-За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука