Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност, попладне услови за локален дожд и грмежи

Охрид, 17. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот во југозападните и западните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

-Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен североисточен ветер, а во јужните делови ќе има услови за локален дожд. Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука