ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридската атлетичарка Марија Јованоска со личен рекорд се врати од Балканското првенство У20 во Турција

Охрид, 17. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската атлетичарка Марија Јованоска со личен рекорд се врати од Балканското првенство У20, кое на 12-ти и 13-ти септември се одржа во Истанбул, Турција.

Јованоска, и покрај отежнатите услови за тренирање заради падемијата со COVID-19, со својот вложен труд, упорност и љубовта кон спортот во изминатиов период успеа да ја оправда довербата, како на домашно тло, така и на меѓународен план.

Најдобрата младинка во Македонија во спринтерски дисциплини, нашата сограѓанка и член на АК „Охрид“ Марија Јованоска, учеството на Балканијадата за младинци во Турција го обезбеди со освоените две први места на Националниот Младински натпревар 2020 кој неодамна се одржа во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука