Забава Избор Култура

Шестото издание на интернационалниот фестивал „Битрикс Танцова Лига’’ во Охрид

Охрид, 17. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – И покрај пандемијата и сите случувања во светот, уметноста не смее да замре. Танцовото студио „Битрикс“ своите активности ќе ги започнат со реализацијата на шесттото издание на интернационалниот танцов камп и фестивал „Битрикс танцова Лига“, што во соработка со Делегацијата на Европска Унија и Europe House Скопје, како и Министерството за култура, ќе се одвива од 18-ти до 20-ти септември на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, следејќи ги протоколите за работа.

Ќе се реализираат 15 танцови работилници и три вечерни настани, меѓу кои: „Филмска вечер“ во рамките на која ќе се прикаже документарецот за хип-хоп културата кај нас „Сложувалка“ на Александар Ковиловски, втората вечер „All Styles Battle” – битка во импровизација на солисти и третата вечер ќе биде посветена на младите кореографи и групи кои ќе се претстават со свои кореографии во рамките на „Young choreographers & Showcase Night”.

Нема достапен опис

– Танцот е контактна дисциплина, се раѓа и живее поради енергијата која ја креираат повеќе лица на едно место, затоа и нашиот фестивал и камп носи посебна магија. Засега е единствениот кој собира огромна бројка на танчари на едно место со цел размена на знаење, искуства и практики. Секоја година носиме гости предавачи од разни земји и континенти од светот. Досега имавме гости од Ангија, САД, Холандија, Германија, Швајцарија, Италија, Украина, Естонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија. Оваа година, за жал поради пандемијата нема да бидеме во можност да ги донесеме предавачите од Франција и Данска, но, нашите пријатели од Бугарија и Словенија ќе одржат предавања на сите учесници преку голем видео бим, а ќе успееме да ги донесеме тука предавачите од Србија. Со години работиме и на соработката помеѓу локалните артисти, па така покрај кореографите од Битрикс Културен Центар, предвања ќе одржат и кореографите од танцовите студија: АКВА, ВАЈБ, Абстракт од Скопје, One Way – Струмица и Соната – Охрид, велат организаторите.

Веднаш по кампот, во план е реализација на уште неколку активности кои имаат за цел да го вратат танцот во видикот на обичниот гледач и да зборуваат гласно за потребата тој да живее на сцената.

Предвидени се уште многу проекти во соработка со КСП „Јадро“, Американската Амбасада, Францускиот институт, Општина Центар и ЕУ Инфо Центар при што целта на сите ќе биде да ги истакнат младите кои континуирано творат и работат на оваа сцена, како и да им се создадат можности за креација и афирмација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука