Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Автопатот Охрид-Кичево е приоритет на Владата, ќе се реконструира и патниот правец Струга-Ќафасан

Скопје, 17. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска најави доизградба на автопатот Охрид-Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.

-Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид-Кичево, кој е приоритет на владата и забрзано ќе биде реализиран, рече Бочварски.

Тој најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга-Ќафасан, како и постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево-Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.

-Јавниот простор ќе може да се користи само на начин пропишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни, рече министерот. (Крај)

извор: Тв21 фото: Тв21

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука