Економија Избор

Овој викенд UNO Coffee Weekend

Охрид, 17. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд, петок, сабота и недела, време е за UNO Coffee Weekend во Toffee & Coffee Bar UNO во Охрид.

-Врвно кафе еспресо, макијато и капучино, сега специјално подготвено на пареа. На стар начин и по промотивна цена од само 40 денари. Ве очекуваме, порачуваат од Toffee & Coffee Bar UNO.

Toffee & Coffee Bar UNO работи скоро еден месец во центарот на Охрид. Станува збор за урбано место кое нуди два бренда на кафе, за прв пат во Охрид и Македонија специјална вафла по холандски рецепт и белгиско чоколадо. Уште и француски кроасани и сладолед со уникатни преливи.

Испраќаат покана до сите да ги посетат во објектот кој е лоциран во срцето на градот, позади Центарот за култура „Григор Прличев“.

Додаваат дека се почитуваат сите здравствени протоколи за заштита од COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука