Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе се одржат 32-те Охридски староградски средби

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе се одржи 32-то издние на фестивалот Охридски староградски средби 2020.

Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Струга, Прилеп, Штип, Кавадарци, Тетово и Гевгелија. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“.

Со оглед на актуелната состојба во која се наоѓаме, годинава фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за организација на јавни настани, со почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот.

Нема достапен опис

Учесниците ќе настапат со староградски песни, давајќи придонес во продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.

ПРОГРАМА:

1. Градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид
– Елено ќерко
– Ој ти момче охриѓанче

2. КУД „Пере Тошев“ – Прилеп
– Промени се Суте
– Праша ли Тинке мајка ти
– Немам мило, немам драго

3. ЗГ Градски Хор – Штип
– Море сокол пие вода на Вардарот
– Каква песна да запеам
– Трендафилчето каранфилчето

4. КУД „Никола Бадев“ – Кавадарци
– Тргнало моме
– По море се скитам
– Ој ти моме лудо ли си

5. Тамбурашки оркестар Серенада – Тетово
– Тетово
– Срце ме боли за Трпана
– Благуно дејче, со сплет македонски песни

6. КУД „Илинден“ – Струга
– Излегла Евда низ чаршија
– На Струга дуќан да имам
– Болно лежи Витето Белево

7. Распеани Гевгеличани – Гевгелија
– Не се фаќај Доне Донке
– Брала мома капини
– Цвета мома убава (китка народни песни од гевгелиско)

8. ФА „Бисери“ – Охрид
– Излегу да се рашета
– Дојди,дојди малој моме
– Фати се Бое мори на оро

Фестивалот Охридски староградски средби значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука