Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Одложен натпреварот меѓу ГРК Охрид и Радовиш

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Одложен е натпреварот што ракометарите на Охрид вечерва требаше да го одиграат со тимот на Радовиш.

Ова доаѓа по одлуката на РФМ екипите од групата А да бидат надвор од терените 15 дена откако се регистрирани 16 позитивни играчи на коронавирус во тимот на „Голден арт КЛ7“.

Во редовите на ГРК Охрид нема позитивни случаи на COVID-19. Спортскиот директор на клубот, Горан Недески во изјава за Супер радио и OhridPress рече дека по пет играчи од клубот, по случаен избор, се тестираат секоја недела и резултатите досега се негативни.

Од РФМ им препорачаа на сите екипи во групата А да направат дополнителни тестирања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука