Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос дома го пречекува Скопје

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските фудбалери утре ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Ќе го одиграат дербито во четвртото коло, на домашен терен ја пречекуваат екипата на Скопје. Натпреварот се игра утре од 15:30 часот, на стадионот „Билјанини извори“.

Во досегашниот тек на новата сезона, охридските сино-бели имаат една победа и две ремија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука