Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јули во Охрид издадени шест одобренија за градба

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец јули, во Охрид биле издадени шест одобренија за  градба, објавија од Државниот завод за статистика.

Во 5 случаи како инвестотор се јавува физичко лице, а во 1 деловен субјект. Предвидената вредност на објектите е 235.854.000 денари, а има дозвола за градба на 87 станови со вкупна корисна површина од 6.196 м². Половина од дозволите се за градба на трособни станови.

Во анализираниот период, во општина Дебрца нема издадено одобренија за градба.

На ниво на Македонија, во јули 2020 година се издадени 284 одобренија за градење, што е на исто ниво во споредба со истиот месец минатата година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 се наменети за објекти од високоградба, 33 за објекти од нискоградба и 85 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 284 објекти, на 164 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 747 станови со вкупна корисна површина од 59.303 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука