ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Спорт ТОП ВЕСТИ

Стојоски и Стефановски од АК „Охрид“ дел од македонската репрезентација на Балканското првенство во Романија

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Двајца атлетичари на АК „Охрид“ се дел од македонската репрезентација што викендов ќе учествува на Балканското атлетско првенство што ќе се одржи во Клуж, Романија.

Јован Стојоски во тркачките и Стефан Стефановски во дисциплината фрлање диск ќе ги бранат боите на охридскиот клуб и државата. Покрај нив, во репрезентацијата се уште и Дрита Ислами и Дарио Ивановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука