Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ в недела ќе настапи на фестивалот „Тетовски хорски одзиви“

Охрид, 18. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“, по традиција ќе настапи на Меѓународниот фестивал „Тетовски хорски одзиви“ – ТЕХО.

Ова е 29-то изданеие на фестивалот, кој ќе се одржи в недела во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастирски комплекс.

Фестивалот обично се одржува во месец јуни, но годинава беше поместен поради коронавирусот.

Нема достапен опис

– Учесниците од Македонија ќе настапат во живо, додека хоровите од Албанија, Бугарија, Србија и Косово ќе бидат застапени онлајн преку видео врска. Така ќе го одржиме меѓународниот карактер на фестивалот и да покажеме дека нема граници на хорската музика, рече Ивица Зориќ, претседател на ТЕХО и диригент на хорот „Менада“.

Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ ќе настапи од 18:00 часот, а има подговено шест духовни православни композиции.

Покрај тоа, хористите ги интензивираат и подготовките за Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, закажан за 26-ти септември, во предворјето на црквата „Св.Софија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука