Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК „Охрид“ денес на домашен терен ја пречекува екипата на „Скопје“

Охрид, 19. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските фудбалери денеска ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Во дербито на четвртото коло, дома ја пречекуваат екипата на „Скопје“. Натпреварот се игра од 15:30 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Покрај тоа, „рибарите“ за прв противник во новата сезона на Купот на Македонија го добија прволигашот „Ренова“. Натпреварот ќе го играат дома, на 23-ти овој месец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука