Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

In memoriam: Почина новинарот Драган Чубриќ

Охрид, 19. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По кратко боледување, рано утрово, на 67-годишна возраст во Охрид почина новинарот Драган Чубриќ.

Дипломирал новинарство во Белград, по што имаше богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници Нова Македонија, Вест, во еден период работеше и како уредник во локалната ТвМ телевизија, беше сопственик на порталот ОhridLive, а последните години беше дел од тимот на порталот сдк.мк.

Погребот ќе се одржи утре во 12:00 часот на Градските гробишта во Охрид. (Крај)

извор: OhridNews фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука