Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец и лице од селото Лешани повредени во сообраќајка кај Северна обиколница во Скопје

Скопје/Охрид, 20. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти септември 2020 година, околу 01:15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „Форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од страна на 28-годишниот З.Р. од Охрид излетало од коловозот.

-По незгодата, возачот и сопатниците 30-годишниот Д.Р. од охридското село Лешани, 29-годишниот  В.М. и две години помладиот Б.Р., двајцата од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај сопатниците Д.Р., В.М. и Б.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај З.Р. телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука