Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нокаут најдобри, охриѓанецот Ѓоко Танески втор на 35. издание на фестивалот Макфест

Штип/Охрид, 20. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Групата Нокаут ја однесе победета на годинешното, 35-то по ред издание на фестивалот Макфест со композицијата „Сакам да живеам“.

Тие ја освоија првата награда во висона од 5.000 евра, а во конкуренција од 24 учесници, втората награда од 3.000 евра му припадна на охриѓанецот Ѓоко Таневски со песната „Ден по ден“. Третата награда од 2.000 евра замина кај Омер Џаферовски кој се претстави со композицијата „Ако те изгубам“. Парични награди од по 500 евра добија и Виктор Апостоловски за најдобар сценски настап и Полина за најдобар дебитант.

Првата фестивалска вечер беше ретроспектива на најдобрите композиции од претходните 34 изданија, а ова беше првпат Макфест да се одржи на отворено на штипскиот плоштад придружено од строгиte протоколи за заштита од коронавирусот. (Крај)

извор: сдк.мк/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука