COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Еден ракометар и еден член на екипата на ГРК „Охрид“ позитивни на COVID-19

Охрид, 20. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Еден ракометар и еден член на екипата на ГРК „Охрид“ се позитивни на вирусот COVID-19.

-COVID-19 позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба. Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата. До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции, информираат од ГРК „Охрид“.

Ракометната Група А пред три дена беше ставена во мирување 15 дена после позитивните случаи на COVID-19 во тимот на „Голден Арт КЛ7“. Ракометната федерација на Република Македонија донесе одлука Групата А во која се натпреваруваат КЛ7, Радовиш, Охрид, Јуниор К.В, Струга, Пролет, Астраион… да бидат надвор од терените во текот на наредните 15 дена. На сите им препорачуваат да направат дополнителни тестирања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука