ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот ЕКО ФАП денес во ЕКО акција кај каналот „Студенчишта“ (Фото)

Охрид, 22. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По последната акција и враќањето во природна состојба на дивата плажа кај Љубаништа, охридскиот ЕКО ФАП денес повторно во акција.

Денес веќе познатата охридска ЕКО дружина го чистеше потегот на каналот „Студенчишта“ од страната на Хидробиолошкиот завод, поточно кај зелениот појас во близина на хангарот на заводот.

Image may contain: 1 person, tree, outdoor and nature

Image may contain: 1 person, standing and outdoor

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, sky and outdoor

Image may contain: 3 people, outdoor

Ова е само продолжување на ЕКО акциите на охридската ЕКО ФАП дружина. Акции кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)

извор: Горан Устијаноски фото: Горан Устијаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука