Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 23. степени
Охрид, 23. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.
-Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време и нестабилно со појава на локален дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен во сабота, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |