септември 23, 2020

Скопје, 23. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите кои бараат да останат дома до крајот на годината, поради што се одржаа и протести.

Според одлуката на Владата, од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица.

Одлука, што беше донесена пред две недели, се оправдува со отворањето на градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, кко дел од нормализираање на животот во услови на пандемија со COVID-19.

Одлуката за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите, поради што се одржаа и протести. Нивниот став е дека нема кој да се грижи за нивните деца, бидејќи дел не се запишани во градинка поради то што нема слободни места, а немаат доволно средства да платат негувателки. Бараат да останат дома до крај на оваа година.

Од Владата, пак, нагласуваат дека е обезбедена целосна грижа за децата во градинките, и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа.

Министерката за здравство Венко Филипче во повеќе наврати повтори дека исполнети се условите за враќање на овие родители на работа, откако нивниот престој дома бил продолжен за шест месеци.

Тој посочи дека не може вечно да трае ваквата состојба, бидејќи со пандемијата мора да се живее уште долго, но со почитување на сите мерки.

За хронично болните лица, Филипче потенцира дека не се враќаат сите на работа, туку само оние за кои лекар – специјалист ќе проценни дека може, односно дали му е влошена болеста или дали хроничната дијагноза бара тој да биде заштитен во следните шест месеци.

– На пример, дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите, истакна Филипче. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука