Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Прва рунда во Купот на Македонија, Охрид Лихнидос игра против Ренова

Охрид, 23. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се игра првата рунда, односно 1/16 финалето во Купот на Македонија во фудбал.

Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос во првата рунда за противник го добија прволигашот Ренова. Натпреварот ќе се одигра од 15:30 часот на СРЦ Билјанини Извори, без присуство на публика.

Во оваа фаза слободни се екипите Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум, кои минатата сезона беа дел од полуфиналето.

Останатите двојки се:
Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица

Поради пандемијата со CОVID-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21-ви октомври, а четвртфиналните пресметки на 25-ти ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7-ми април, а мечот за трофејот на 19-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука