Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде четири тегли со марихуана кај 20-годишен охриѓанец

Охрид, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 20-годишниот А.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и одредена му е мерка притвор.

-При преглед извршен на 22-ри септември 2020 година, полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом во Охрид биле пронајдени четири тегли со марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука