Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во недела на Плаошник богослужба за празникот „Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден“

Охрид, 25. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известуваат православните верници дека за време на претстојниот празник „Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден“, во недела, на 27-ми септември 2020 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ќе чиноначалствува во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.

-Поради настанатата состојба со корона вирусот COVID-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание, информираат од Дебарско-кичевската епархија Охрид. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука